Услуги

Вршиме разни видови на превоз: градски меѓуградски меѓународен (низ цела Европа). Објекти за превоз можат да бидат сите нови, дефектни или хаварисани возила, разни машини (градежни и сл.), приколки, чамци и др. Влечната служба "Гаце ", во склоп на деловниот простор поседува паркинг плац за времено сместување на возилата кои се транспортираат.

Зошто да ги изберете нашите услуги?

Сите возила се со лиценца и клима, Специјална најмодерна надоградба за транспрот, Модерни, брзи и безбедни камиони, Пристапни цени, Достапни 24/7 – 365 дена во годината, Можност за плаќање на фактура, Можност за резервација на термин за транспорт

Соработка

Најголема соработка остваруваме со влечните служби на Србија, Хрватска и Словенија. Осигурителни куќи и компании со кои соработуваме се: Триглав Осигурување, Сава Табак Осигурување, Кјуби Македонија, Уника, Винер и други, како и со компании од странство: Assistance Coris, TBS Team 24 - Словенија, Mondial Assistance - Austria, Move One, странски амбасади и претставништва.

Потребни документи

За извршување на транспорт на возило потребни се следните документи: Сообраќајна дозвола, Зелен картон (доколку се транспортира надвор од Македонија), Полномошно за извршување на транспорт (доколку не е присутен сопственикот на возилото), Полициски записник (доколку возилото е оштетено во сообраќајна незгода)

 За нас

За нас

Гаце компани е семејна фирма која опстојува од 1992 година. Во 1992 година започнуваме како мал сервис, но со текот на годините со чесна и макотрпна работа се усовршивме и продолживме то тој пат. Професионално почнуваме да се занимаваме во текот на 1999 година каде се користи професионална и специјална опрема за поправка и репарација на секаков вид на возила. Нашата професионалност и прецизност во работата не доведе до проширување на бизнисот каде во средината на 2009 година започнуваме со шлеп служба. Почнувајќи со едно возило до сега во моментот располагаме со 5 професионални возила за шлеп служба достапни 24 часа 365 дена во годината.

Нашиот тим

Мартин Андушевски
Мартин Андушевски
Ивица Андушевски
Ивица Андушевски
Сашо Андушевски
Сашо Андушевски